БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Миле Ѓорѓијоски првонаграден на фестивалот за афоризам и карикатура во Струмица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски освои прва награда на Интернационалниот фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2019“. Наградата од Домот за култура „Антон Панов“ на Ѓорѓијоски свечено ќе му биде врачена в понеделник за време на фестивалот.
– Ова е фестивал на кој досега имам освоено повеќе награди, меѓу кои три сребрени и три бронзени плакети, а највисокото признание „Златна плакета“ вторпат го добивам од жирито на овој реномиран фестивал на афоризам и карикатура во Струмица – истакна Ѓорѓијоски.
На дваесеттиот фестивал за афоризам и карикатура Ѓорѓијоски ја освои наградата во конкуренција на афористичари од цел Балкан и од Русија.
Ѓорѓијоски неодамна во Србија беше прогласен за „Екселенција сатира“ освојувајќи ја наградата во чест на српскиот писател Радое Домановиќ.

  • Пишува МИА

Креирано од:


Пренеси го гласот