Со традиционална изложба на маски во фоајето на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, денес се означи почетокот на карневалот „Прочка“ . Преку 1000 креативни маски од различни материјали изработија учениците од прилепските училишта под менторство на своите наставници по ликовно воспитување. Шареноликост, идејност, креативност и инвентивност ги одликуваат годинешните маски, коишто според оценките на жирито оваа изложба прават да биде многу подобра од претходните.„Најмногу ги користиме природните материјали, со цел да се задржи традиционалниот елемент. Маските се прекрасни со голем квалитет, секоја година учениците се подобри во креативноста. Голем придонес имаат и наставниците кои што даваат поддршка на оваа манифестација, која што пак значи негување на традициите“. – изјави Марта Макеска, професорка по ликовно воспитување.
„Годинава имаме театар на отворено. За прв пат ќе видиме нешто модерно, современо, светско. Денеска веќе пристигнаа првите гости, а викендов очекуваме гости од повеќе балкански земји. Прилеп е горд на овој карневал. Секоја и оваа година ќе има креативни, алегорични маски, кои пренесуваат сериозни пораки, при што не дозволуваме изживување со животни. Испраќаме порака за заштита на животните“.
– изјави Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, кој е организатор на оваа манифестација.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ