Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени. Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи.
Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија