БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Целосна отвореност и соработка со граѓаните преку нов граѓански штаб на Проф. Гордана Силјановска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на својата предизборна кампања Професорката Гордана Силјановска за утре (среда 03.04.2019 година) ќе отвори нов граѓански штаб за соработка со сите граѓани во државата.

За оваа нејзина иницијатива таа кампањата ја насочува директно кон граѓаните и овозможува блиска соработка со сите граѓани во наредниот период.

За граѓанскиот штаб се предвидени голем број на содржини и активности и секако сите граѓани се добредојдени за да осмислат и реаизираат свои сопствени иницијативи во текот на кампањата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Професорката Силјановска за оваа пригода ја упати следнава порака:

“Ве поканувам утре во Скопје во 11:30 на свечено отворање и дружба во граѓанскиот штаб на мојата кампања за Претседателка!

Да се запознаеме и поразговараме за #ПравдазаМакедонија!
Првиот граѓанскиот штаб кој ќе се отвори се наоѓа на улица Димитрија Чуповски. број 2(поранешно Вегера).

Штабот ќе биде отворен 12 часа во денот. Истиот ќе нуди можност да ги оствариме заеднички вашите идеи и содржини за кампањата. Осмислете настани кои може да се оддржуваат во Штабот во текот на тие 12 часа. Или присуствувајте на тие содржини кои веќе ги осмисливме!

Се гледаме во Скопје!
#ТаковинатаПовикува

Ваша,
Гордана “

Креирано од:


Пренеси го гласот