БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пробајте го вкусот на волшебната торта со кафе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потребни состојки:

– 1 супена лажица инстантно еспресо во право

– 1 лажица зовриена вода

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– 125 грама путер, омекнат

– 1/2 лажица екстракт од ванила

– 150 грама кафеав шеќер

– 2 јајца

– 200 грама брашно

– 120 грама павлака

– 30 грама ореви, исечкани

За преливот:

– 2 кафени лажички инстант еспресо во прав

– 2 супени лажици зовриена вода

– 200 грама шеќер во прав

– 20 грама путер, омекнат Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и подгответе тава за печење така што ќе ѝ поставите хартија за печење.

Комбинирајте ги кафето и зовриената вода во еден сад и мешајте додека не се соединат. Со помош на електричен миксер, изматете ги путерот, ванилата и шеќерот додека не добиете лесна и хомогена смеса.

Додајте ја мешавината со кафето и продолжете да матите додека не се комбинираат. Следен чекор е додавање на јајцата, едно по едно, матејќи по секое. Потоа сипете го брашното и мешајте додека не се соединат.

На крај додајте ја и павлаката и продолжете со мешање. Префрлете ја добиената смеса во подготвената тава и измазнете ја површината.

Печете околу 45 минути или сè додека не боцнете чепкалка за заби во тестото и тоа не излезе суво. Оставете да отстои во тавата околу 5 минути. Во меѓувреме направете го преливот од кафе.

Комбинирајте ги кафето со зовриената вода во мал сад отпорен на топлина и мешајте додека кафето не се разложи.

Додајте го шеќерот во голем сад, па врз него сипете ја и мешавината со кафето заедно со путерот. Мешајте додека не добиете мазна и комбинирана смеса.

Поставете ја тортата на чинија за послужување и намачкајте ја со преливот одозгора. Попрскајте со ореви или лешници.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace