Триесет и првото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Покрај македонските издавачки куќи, ќе учествуваат и издавачи од Србија, Косово, Албанија и од Унгарија.
„Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, очекуваме Министерството за култура како покровител на манифестацијата да овозможи поддршка за издавачите заради соодветни услови за промоција на литературата и на издавачката дејност. Очекуваме Саемот да ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители“
– изјавува проект менаџерката на Саемот, Сања Кондарко.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист