Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка во Скопје се случи вооружен грабеж, информираат од банката. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на банката се безбедни и во добра состојба.
Во овој момент, банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства. – потенцираат од НЛБ банка.
Додаваат, дека паралелно се работи со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА