БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димитар Димовски: “Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот.”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот. Едноставно, го сакам Берово.
Денес, тешко се живее тука. Младите заминуваат во туѓина. Цели семејства заминуваат, разочарани од неправдите, сиромаштијата и бесперспективноста. 
На митингот на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа голем број Беровчани, Малешевци. Дојде и баба Елена Гаштеовска, ќерка на Димитруш Самарџиски – Прокуроре, славен Македонски комита, кој својот живот го посветил на борбата за Македонија. Во 1934 година, бугарите го затвориле и 6 години го измачувале низ бугарските зандани, заради неговата борба за независноста на Македонија и на крај го погубиле. Баба Елена му остави еден голем аманет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “Синко, чувај ни ја Македонија. Таа ни е се”. Христијан, прифаќајки го аманетот, и одговори: “Ќе ја чуваме, бабо. И ќе ја ослободиме од овие внатрешните поробувачи. Ќе ја вратиме Македонија на народот.”
Нашата борба за Македонија, за слободна, успешна, просперитетна и честита татковина, никогаш нема да престане. Нашата мисла и желба кон неа, никогаш нема да згасне. Нашата работа за Македонија да биде достојно и убаво место ќе трае се додека не успееме, затоа што тоа е единствениот начин да го сопреме иселувањето и да отвориме перспективи за граѓаните. На народот мораме да му донесе правдина и #ПравдаЗаМакедонија. Тука сме секој пат, кога #ТатковинатаПовикува
Да живее #РепубликаМакедонија!
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија

Фејсбук статус на Димитар Димовски-

Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace