Од вторник бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата. Старата методологија на пресметка истекува денеска со завршувањето на купопродажниот договор со Окта.
Измените во заkонот за енерегeтика со кој таа треба да стапи на сила не се потпишани од претседателот на државата. Од регулаторна сметаат, се додека да стапи на cила новата методологија се јавува простор од неколку дена во кој се надеваат дека трговците нема да го искористат и да ги зголемат цените на горивата.
Новата методологија е речиси целосно готова, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за транспорт и складирање на резервите, но сеуште се преговара околу маржата. Од регулаторна уверуваат дека новата пресемтка нема да предизвика ценовен шоk кај горивата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово