Стотина теренски возила и мотоцикли и годинава учествуваа на спортското рели на Царев врв на Осоговските планини. Во организација на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002″ од Македонска Каменица, и патека во должина од 25 километри, со висинска разлика од 1.300 метри се стигна до највисоката точка Царев Врв на 2.085 метри надморска височина .
Стартната позиција на учесниците била од каменичкиот градски плоштад, а оваа година има учесници од Делчево, Македонска Каменица, од неколку преостанати градови во Македонија, но и од соседна Србија и од Бугарија.

– Искачувањето со теренски возила и адреналинот кај учесниците на вакви настани е голем. За нас како редовни учесници во овој настан релито претставува една голема авантура, предизвик инспирација и неповторливо уживање во сите ретки убавини на Осоговието. И годинава одѕивот е голем и се надеваме дека ќе продолжиме и во иднина да бидеме учесници во овој настан,
вели делчевецот Гоце Алексовски кој е долгогодишен учесник во ова рели.

Посебен шмек на овој настан дадоа групата на моторџии ,,ендуро” .
Организаторот ги поканува учесниците да се придружат на Меѓуграничната средба „Руен 2019″ што ќе се одржи наредната недела.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание