Во синоќешната дебата на телевизијата “1” во студиото со новинарот Александар Чомовски, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев говореше за редица суштински и провокативни прашања. Меѓу другите на прашањето на водителот Александар Чомовски
-дали ВМРО-ДПМНЕ го поништува потписот на Никола Груевски зад Пржинскиот договор за СЈО?
Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговори кратко, гласно и јасно:
Сметам дека е една од најголемите грешки што се прифати на тој начин да се носи СЈО и да се прави паралелизам во обвинителниот систем.
Со тоа од името на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев е еден од првите и ретките актуелни функционери на опозициската партија кој јавно, јасно и гласно се огради од постапките на претходниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со Пржинскиот Договор кој беше увертира во актуелните случувања во државата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија