БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈП Исар од Штип соодветно да си ја врши дејноста за која плаќаат граѓаните на Штип, апелираат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашната прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип упатија серија обвинувања со посочени аргументи дека Јавнотo претпријатие “Исар” од Штип не си ја врши соодветно дејноста за која од граѓаните прибира на различни начини финансиски сретства како јавна давачка.

Во продолжение ја пренесуваме во целост прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип:

Веќе подолг период сме сведоци на неработењето на ЈП Исар. А за време на верскиот празник Духовден, граѓаните повторно се фрапираа од ужасната глетка при посета на вечните почивалишта на нивните најблиски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Високите треви и опасните животни беа само дел од целокупната слика која ја споделија штипјани и кај нив се шири огромно незадоволство од неодговорноста на комуналното јавно претпријатие. Од увидот на терен, јасно се гледа дека градските гробишта личат на неуреден и тешко достапен терен, од кој демнат бројни опасности.

Граѓаните на Штип одговорно и редовно си ги плаќаат сметките, но ЈП Исар непропроционално одговара на нивните потреби. Имено, во сметките е вклучено и одржувањето на  градските гробишта, а истите не се одржуваат и се оставени на милост и немилост на природата. Меѓутоа, тоа не го спречува јавното претпријатие преку извршител да ги казни оние граѓани кои навреме не си ги подмириле долговите.

По не знам кој пат, ВМРО – ДПМНЕ апелира до ЈП Исар да биде одговорна и доблесна институција и да си ги извршува редовните програмски работи и се надеваме дека локалната власт нема повторно да не обвини нас, како опозиција, дека сме виновни за очајната состојба во која се наоѓаат.

Затоа што, како што граѓаните итаат на први да си ги платат сметките, така и Исар треба соодветно да си ја врши дејноста за која секое семејство одвојува од и така скромниот буџет.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace