Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – Сл. на РСМ бр.66/04, 139/08,99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Берово, како општа противепидемиска мерка, Општина Берово го издава следното соопштение:
- Ве известуваме дека на ден 21.06.2019 година (Петок наспроти Сабота) од 22.30 до 02:00 часот – екипи од фирмата Зотокс дооел – Скопје ќе ја спроведат ПРВАТА ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. – информираат од општина Берово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип