БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Утре ќе се врши теристичка дезинсекција на територијата на Општина Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – Сл. на РСМ бр.66/04, 139/08,99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Берово, како општа противепидемиска мерка, Општина Берово го издава следното соопштение:

  • Ве известуваме дека на ден 21.06.2019 година (Петок наспроти Сабота) од 22.30 до 02:00 часот – екипи од фирмата Зотокс дооел – Скопје ќе ја спроведат ПРВАТА ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. – информираат од општина Берово.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace