Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, а во западните делови повремено и засилен северен ветер.
И вo недела ќе преовладува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура на ниво на Македонија ќе достигне до 33 степени Целзиуови, а индексот на УВ зрачење исто така ќе биде висок и ќе изнесува 9, информира УХМР.
Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30 степени.
Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за во среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Двајца патници испаднале од автобус во Свети Николе
ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи во Македонија
Македонија домаќин на висока регионална конференција за демографски промени и градење отпорност