БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петровденска поетско-музичка вечер со Тихомир Јанчовски во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

12 јули (петок) со почеток од 20 часот во венчалната сала во Виница, можете да бидете дел од поетско- музичката вечер со која ќе ви се претстави поетот и колумнист Тихомир Јанчовски.

Македонска работа
Ако со луѓето си културен и фин
кај нас, тешко да завршиш работа.
Еве, ако треба да направат нешто
што сте се договориле
и времето на договореното наближува
и ти се јавуваш и ти велат
уште не е готово, ама ќе биде, ќе биде.
Ако, нема проблем, ќе почекам
само да е на време, тогаш!
И како да им викаш
не го ни прави, гледаш, не сум бесен…
И времето еднаш ќе дојде…
и ќе ти одговорат
не направивме, ова и ова не најдовме,
не можевме, овој и овој
нѐ зафркна и поради него…
не е до нас…
Не ти се верува!
Си бил со луѓето човек
а тие со тебе – стока
не разбираат од збор, ни даден ни кажан
нели им рече со убаво?
И после нова тактика,
се кријат и не креваат слушалка.
И конечно, кога ќе ги најдеш,
и ќе им свикаш
и ќе ти сетат ровја во гласот
и ќе ги отераш кај што не треба
и ќе им кажеш: ќе те најдам,
и ќе ми платиш за ова и ќе те правам сол…
И оп, гледаш, работата одеднаш
можела да се заврши
се нашло сѐ што требало
и сепак сѐ е навреме
баш во последен час…
И после ти си испаднал силеџија,
македонска работа.
Тихомир Јанчовски – „Влакно на јазикот“

Овие стихови нека бидат повод сите заедно да бидеме дел од прекрасната поетско-музичка вечер на Петровден, вечер во која само ќе можете да уживате во стиховите на нашиот поет, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски кој ќе се претстави со песни од сите свои поетски книги (кои ќе бидат застапени во јубилејната книга “Тихување“ која излегува по повод 20 години од објавувањето на неговата прва книга поезија), како и со песни од “Два света“ на Руми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


На поетско-музичкиот настап во Виница, стихови ќе читаат Тихомир и Дарко Јан Спасов, а музичките делници ќе ги отсвири џез-блуз дуото АФИОН.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace