30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година ги потпишаа договорите со Општина Кочани.
Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки.
Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, несоодветен просек или не се студенти на државните универзитети. Во категоријата стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести немаше ниту една пријава.
Стипендиите со месечен износ од 3 илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2022/23 година.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им ги додели договорите на студентите и им посака многу успех во понатамошното студирање.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово