БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клопчето се размотува: Заговорот против Република Македонија почна да се разоткрива

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Најголемото предавство во историјата на Македонија, не било само предавство.

Станува збор за уцени и притисок од организирана група на високопозиционирани државни функционери во Република Македонија врз народни пратеници кои во контролирани услови на менаџмент од страна на официјални лица на институциите гласаа за отварање на процесот на уставните промени и потоа негово затварање со уставните амандмани со кои се промени уставното име на Република Македонија и се поништи идентитетот на Македонскиот народ.

Ваквиот процес секако следуваше после пропаднатиот референдум на 30-ти септември на кој Македонскиот народ не даде легитимитет и истиот беше неуспешен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во емисија на национална телевизија еден од учесниците во ваквиот процес со свое лично сведоштво обелодени дел од задкулисните игри на најголемото предавство на волјата на гласачите и народот на отворена сцена во Македонскиот парламент.

И дополнително Рената Дескоска од редовите на СДСМ во улога на Министер за правда за ваквата пракса на судско-обвинителски инструментализирани механизми на влијание и моќ сведочи дека се можни да се случуваат и понатаму во Македонскиот правен систем.

На прашањето дали таа или некој од власта има влијание врз обвинителката Вилма Русковска, на Канал 5 телевизија, министерката Рената Дескоска изјави дека таа нема влијание, но не може да гарантира за некој друг.

-Јас лично не, не верувам, не можам да коментирам за други, изјави Дескоска.

Во врска со ослободувањето од притвор во случајот „27-ми април“ на пратеникот Крсто Мукоски кој само неколку часа подоцна гласаше за промена на името, а токму Русковска го водеше тој случај, Дескоска одговори:

-Случајот со уставните измени е случај, ситуација каде што видовме дека се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале на некој начин ама не насилно. Случај кој што јас лично како министер, како човек како професор можам да кажам дека стави голем товар на системот на правдата во нашата. На сите ни е јасно, тука сакам да бидам искрена и отворена дека тој закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани, вели таа.

https://twitter.com/BaceTrajce/status/1197949745521680386?s=19

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace