Правните небулози во кои секојдневно запаѓа актуелната власт се повеќе доаѓаат до израз во последно време, уште повеќе затоа што ваквите правнички лавиринти наметнати од актуелните власти влијаат негативно на секојдневниот живот за обичните граѓани во државата.
Ваквиот впечаток во јавноста се повеќе доаѓа до израз во однос на законските решенија кои актуелната власт ги афирмира во јавност а потоа од истите ретерира и ги повлекува назад.
Ваквиот случај е со подносењето на иницијативата за автентично толкување на членот 11 од законот за помилување кој беше пуштен во процедура а во текот на вчерашниот ден повлечен од пратениците на СДСМ.
По тој повод денеска своја прес конференција имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Тој причините за ваквата постапка на СДСМ ги лоцира кај случајот “Глобал” со кој што помилување доби Зоран Заев и неколкумина негови соработници во 2008 година.
Неговата прес конференција ја пренесуваме во продолжение:
“Денешната прес конференција ќе биде на тема поврзана со автентичното толкување, кое што ќе повторам, вчера СДСМ имаше шанса да усвои какво сака автентично толкување, без да има опструкција од било кого во собраниската комисија за законодавни правни прашања. Но очигледно е дека во последен момент, некој подобар правник од министерката Дескоска им укажал дека доколку усвојат автентично толкување дека Членот 11 не постои истото толкување ќе мора законски да се вгради односно поништи Членот 11 во законот за помилување од 1993 година па наваму. И во тој случај единствениот дежурен политичар корисник на политички помилувања господинот Заев ќе паднеше повторно на суд, односно ќе мораше да биде отворен случајот Глобал за кој што аболицираниот Заев беше помилуван во 2008 година, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Затоа ги повикуваме уште еднаш, за да нема во иднина злоупотреба на било какви аболиции за политичари да ја прифатат иницијативата за надополнување на Законот за помилување и Законот за избрани и именувани функционери, каде што политичари кои што се помилувани нема да имаат можност да се занимаваат со политика или друга државна или јавна функција. Во овој момент имаме двајца аболицирани политичари кои што се занимаваат со политика, тоа е премиерот Заев и вториот е државниот секретар во министерството за локална самоуправа од Струмица кој што исто така беше помилуван за случајот Глобал, во 2008 година.“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ