БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да го расчисти случајот околу склучување договор на Владата со САРХЕМС

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По серијата прес конференции и реакции од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со случајот за доделување на договор за соработка меѓу Владата на Република Македонија и приватната компанија САРХЕМС и молкот од страна на надлежните именувани и избрани функционери во владата, денеска со повторна реакција се јави во јавност Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Јанушев ги обвини Зоран Заев и Генералниот секретар во Владата Драги Рашковски за огромна штета на Буџетот на државата преку доделување на договор за соработка во огромен износ на пари на фирма која што нема искуство во областа за која се ангажира затоа што е формирана само 24 денови пред распишувањето на огласот на Владата.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Игор Јанушев упатена преку социјалните мрежи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Постојат сериозни сомнежи дека Зоран Заев и Драги Рашковски со склучување на договорот со САРХЕМС прават огромна штета на буџетот на Република Македонија изразена во десетина милиони евра. Затоа, бараме од ЈО итно да го истражи случајот и да поднесе соодветни кривични пријави.

Заев и Рашковски дадоа 72 милиони евра на фирма без никакво искуство во областа, фирма која е формирана само 24 дена пред да биде распишан огласот. Целокупната постапка ја водеа сомнително. Почнувајќи од тендерската документација, која беше пресликана од физибилити студијата, до процесот на избор и склучување на договор, кој помина крајно нетранспарентно, иако станува збор за договор тежок 72 милиони евра.

Трет ден Заев и Рашковски молчат откако го потпишаа договорот и не кажуваат кој ќе ги плати 72 милиони евра, дали директно буџетот или граѓаните преку покачени патарини и авионски услуги!?

Што добиваат граѓаните од тие 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет, колку и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?

Набавката на хеликоптерски услуги е крајно сомнителна. Бараме ЈО да го расчисти случајот во најбрз можен рок. Доколку ЈО не реагира, треба да знае дека за сите незаконски дејствија ќе има одговорност по 12 април.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace