БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 62

БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД

Подолго размислував како да го насловам текстот,па истиот остана без наслов.Денес јавната и државна администрација се фати за ,,метлата,, и под мотото ,,Не биди ѓубре ,,собираше комунален цврст отпад.Еве да речам,не е тоа лоша работа,но истата е БЕЗЦЕЛНА!Да се справуваш со последиците е исто како да тураш вода во буре без дно! Решението е како да се отстранат причините (да се поправи дното) а не последиците.
Денешното,,чукање празна слама,,не е прво,ниту ке биде последно.Демек ке се подигнела свеста кај граѓаните! Се подига нешто што паднало, а не она што го нема.Мојата маленкост од самиот почеток на 2001 г .па се до Јануари 2016 работев во општина Делчево како раководител на одделение за инспекциски надзор.Со сигурност тврдам дека на некои ова денес им е прва работа во 2019 г.(ако се одзвале на акцијата)!
Во Март 2001 со тогашниот градоначалник бев на состанок во Кавадарци,каде беа речиси сите инспектори и градоначалници од државата. Претставник на мултинационалната компанија ,,Вивенди,,од Париз ни објаснуваше дека за Македонија е најдобро да има само една депонија. Тоа се ,,верглаше,,неколку години.Потоа
се премина на 8 регионални депонии.,,Нашата,,беше ,,лоцирана,, во Карбинци.И тоа се напушти,па се прелагаа ,,фабрики,,за отпад.Нашата требаше да биде во Кочани..И тоа пропадна. Пак се вратија регионалните депонииКаде е сега ,,нашата,, не знам.Поминаа цели 19 години и се е како во Март 2001,што ке рече на -почеток!
Сега во,,мода,,е колективното чистење.Се сеќавате на акцијата ,,Ден на дрвото,,? Потполно исто.До кога бе политичари вака???

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-фејсбук статус на Крум Николовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот