НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!
СДСМ ја скандираа оваа парола додека беа во опозиција за да дојдат на власт, а откако дојдоа на власт насилно, за граѓаните навистина нема ниту ПРАВДА, ниту има МИР.
На неполни 3 месеци од изборите, најдобро е да согледаме што ветуваа партиите во предизборието, па потоа да донесеме решение дали нашиот глас беше погрешен или за вистинските луѓе.
СДСМ ветуваше ‘Живот во Македонија’, но и тој живот им пречеше, велеа дека е режимски, па Македонија ја сменија во Северна. Живот во Северна нема, животот остана во Македонија.
Со рака на градите како најпоштено суштество Заев ги лажеше и манипулираше со граѓаните, дека ниту Устав му доаѓа на памет да менува, ниту името Македонија, ниту договори со Бугарија и Албанија, се тоа беше во главата на ВМРОВЦИТЕ.
Ги лажеше и дека 600.000 млади ќе вратат надвор од границите, а родителите напатени, со солзи во очите и грутка во градите му поверуваа..
Ги лажеше и семејствата на убиените кај Смилковското езеро, дека ќе ја дознаат сите вистината за случајот Монструм, а заедно со случајот Мартин Нешковски го разбрануваа народот, ги сврте едни против други, убедуваше дека власта е организатор на немилите настани.
Тука го појачаа и случајот со Никола Младенов како убиство од луѓето од власта, а сите докази покажуваа за несреќен случај.
Ги лажеше граѓаните за малата Тамара, дека тие кога ќе дојдат на власт ќе се грижат за таквите и слични случаи, дека на прво место ќе биде грижата за пациентите, Европско здравство ќе имаме, Министерството за здравство ќе дава пари за итните случаи наместо собирање со донации.. Но, наместо средства за итни случаи, Министерството за здравство се обиде да протне Закон со кој пациентите ќе добијат 100% средства за промена на полот.
Министерот за Здравство и многу негови блиски соработници од ресорот, се фатени во Рекет како изнудувале пари.
Го лажеа народот дека воздухот ќе биде чист, но ние дишеме екстремно загаден воздух, неколкупати застануваме на тронот на најзагадени држави во светот.
Ветуваше 500 евра плата, и железни опинци ќе облечел, ама двајца во семејството ако работат ќе има цело семејство солиден живот, со што ќе ја вратат средната класа. А тие, освен што имаа богатства, ги зголемија своите имоти и банкарски сметки за неколкупати повеќе, додека граѓаните ги оставија да го бараат спасот надвор од границите.
600.000 млади никогаш не се вратија, толку млади ќе ја напуштат државата со овие политики на СДСМ.
Ги лажеа граѓаните дека ќе донесат џиновски инвестиции, додека во текот на мандатот лажеа дека компаниите само што не ја поминале границата за да инвестираат. Во тој случај, од границата на Табановце џиновските компании пошто не поминаа, почнаа да никнуваат и да инвестираат во погони и фабрики во соседните држави.
Сега, кога се што ветија пропадна во вода, кога за граѓаните нема ниту ПРАВДА, ниту МИР, СДСМ со манипулација кон граѓаните, со повторно демонизирање на ВМРО ДПМНЕ пред граѓаните, пробува да го поправи својот катастрофален рејтинг.
Сите анкети покажуваат дека бројот на пратеници ќе им биде значително намален, а формирањето Влада невозможна мисија.
Во тој случај, и да одат и да не одат во кафани, и да глумат луѓе од народот за народот, и да го затворат целото раководство на СДСМ заради скандали со Рекет, и да ја внесат Македонија во НАТО, а веднаш следниот ден да ја внесат и во ЕУ, сепак во очите на македонските граѓани тие ќе останат како најголеми штетници на македонската држава.
Забрзаните вработувања во државната управа, поткупувањето на граѓаните со државни пари за работни места, се само показател колку владее страв на Бихачка од пораз на изборите.
СДСМ немаат победено од 2002 година на Парламентарни избори, составувањето Влада на последните избори и отстапките кои ги правеа само за да формираат Влада е само по себе показател зошто СДСМ ја осакати државата, го парализираше системот, а од немоќта на граѓаните извлекоа богатство.
СДСМ нема црвени линии кога станува збор за национален интерес, затоашто за нив националното не постои, го продадоа за пари, за банкарските цифри да скокнат до плафон.
Едно е јасно. Граѓаните на овие избори имаат можност и обврска да го казнат оној што не работи во нивни интерес!
Пишува: Мартин Ристевски – дипломиран политолог


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот