БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: ОТПАДНА НАЦИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 69

ОТПАДНА НАЦИЈА

Длабоко сум убеден дека критичната маса на луѓе (повеќе од 50%) од нашиот народ се неписмени, без разлика со какво образование (документ) се стекнале. Сметам дека и во јужна Африка и Папуа се поупатени од нас. Од безброј докази еве само два примери од последните два дена.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Некој измамник од Гевгелија успеал на голем број граѓани да им земе пари, убедувајќи ги дека ке можел да им исплати по стотици илјади денари од “заостанати” пензии! И луѓето давале пари, кој 1.500, кој 3.000 ден. Што се тие пари кога ке земат 100 пати повеќе!

Електронските медиуми ( не баш сите) објавија дека само лани се увезени 7.000.000 тони ( и со зборови -седум милиони тони отпад). Не се толку, туку неколкупати повеќе. Освен кај нас отпад се носел и по афричките земји. Се јави градоначалникот Шилегов и кажа дека отпадот се користел како енергенс и не бил штетен! А бе ШИЛЕже едно, каков е оној отпад кога “дарувачот” на истиот плака по 130 евра за тон и превозот до Скопје. Никаков друг податок не е потребен. Тоа кажува сё, ама за барем малку писмени луѓе.

Познато е дека при согорување на отпад од синтетички материјали се ослободуваат силно канцерогени соединенија, чие општо име е ФУРАНИ. (соединенија на метан, етан, пропан, со флуор, хлор,..) Тие се гасови потешки од воздухот и не одат високо во атмосверата,туку ги вдишуваме и се труеме секојдневно.

Народот го залажуваат дека загадувањето е од употреба на дрвото за огрев. А бе луѓе божји дрво-даска-брикет-пелети е едно те исто. Физичко-хемискиот состав им е ист. Кај пелетите процентот на водата (влагата) е околу 10%, сето друго е исто. Дробењето-ситнењето е физички процес.

За замајување владата дава субвенции за греење на пелети, кои не се ништо друго одвен сомелено и малку исушено дрво.

За увозот на т.н. “добар” отпад ниту збор.

Се поставува онаа хамлетовската дали навистина има “добар” отпад или сме отпадна нација?!

Пишува: Крум Николовски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace