БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Милошоски: Изјавата на Грчев е тешка навреда за католичките верници и директно за Папата Франциск

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изјава упатена до јавноста Професорот од Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев кој што е познат по неговите скабндалозни изјави за уривање на изградената инфраструктура на споменици кои се дел од проектот “Скопје 2014”, Спомен куќата на Мајка Тереза ја нарече “фашистички споменик”.

Ваквата изјава поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ја оквалификува како тешка навреда за граѓаните од католичка вероисповест, како и останатите граѓани кои се почитувачи на делото на Мајка Тереза како голем хуманист од значење за целиот свет.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Антонио Милошоски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Проф. Грчев, близок соработник и советник на бившиот премиер Заев, ја дефинираше Куќата на “Мајка Тереза” и капелата, како ФАШИСТИЧКИ споменик.
Тешка навреда за католичката заедница во Македонија, но и на многу христијани и граѓани кои припаѓаат на други вери, но се почитувачи на нејзиното дело. Ова претставува и навреда за Папата Франциск, кој лично се поклони во Куќата на “Мајка Тереза” за време на неговата посета лани во Мај. “

Креирано од:


Пренеси го гласот