Правдата е нападната од неправдата, судската и обвинителската власт е брутално згазена.
Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е. Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев.
Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене, за вас е борба за спас на нашата Македонија.
Ќе ја вратиме правдата, и честа и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат сопствената татковина, нашата преубава Македонија.
Обновата ќе дојде, а народот е исправен и се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која што ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права. Ако Зоран Заев е дилемата, 12-ти април 2020 е одговорот.
Да живее ослободена, слободна Република Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија