БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повик на Координативното тело на Македонците во Европа за пријавување за гласање на претстојните избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Координативното тело на Македонците во Европа денеска излезе со свое соопштение во јавноста преку кое ги повикува сите Македонци кои живеат во земјите низ Европа да се пријават за гласање на претстојните Предвремени парламентарни избори.

На 12 април ќе се дефинира иднината на државата по која пат ќе се одвиваат политичките процеси со оглед на двата главни спротивставени македонски политички блокови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Оттука е многу важно за иднината на Македонската држава свој придонес да дадат сите Македонци кои имаат Македонско државјанство ширум светот и да гласаат на претстојните избори со што ќе влијаат директно на иднината на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Координативното тел на Македонците во Европа преку кое ги информираат сите Македонци кои живеат и работат во европските земји за начинот на кој што можат да се пријават за гласање, што е неопходно да се направи доколку сакаат да гласаат Македонците во странство:

Известување за Македонците во Европа

“По повод најавените парламентарни избори во Македонија и гласањето во дијаспората

Почитувани Македонци,

Секој Македонец со постојано место на живеење во странство, ќе може да гласа на идните парламентарни избори што ќе се одржат на 11 -ти април , 2020 година.

Затоа е потребно пријавување најкасно до 11 ти март на интернет страната
https://dijaspora.sec.mk/

Чекори за регистрација:

1. Впишување на ЕМБГ бројот од пасошот;
2. Внесување на дадениот код од прикажаната слика;

Потоа пополнување на податоците:

1.Име и презиме
– Припадност на заедница;

2.Податоци за престој во странство ;
– Држава во која престојува ;
– Населено место во странство;
– адреса во странство;

3. Пријава за гласање
– Држава во која ќе гласа;
– ДКП во кое ќе гласа;
– Број на Мк пасош;
– Прикачување на копија од документ за престој.

Откога ќе се пополни и испрати пријавата , се добива потврден одговор за успешна регистрација .

За сите оние кои пак ќе сакат да гласат во Македонија , тоа право ќе можат да го остварат во нивните матични општини. Во секој случај треба да се направи изборот, во државата каде престојувате или пак во местото на вашата адреса во Македонија . Во секој случај , да се подготвиме за гласање .

Наш долг и обврска кон татковината , секој глас за македонските вредности и идентитетски обележја.

За Македонија се работи, остануваат уште неколку денови.”

Координативно тело на Македонците во Европа

Женева, Лондон, Виена 6 март 2020 година

Координативното тело на Македонците во Европа е најраспространетата организација на Македонците кои живеат и работат во сите европски земји, која што започна со активност во периодот пред реализацијата на Референдумот на 30-ти септември 2018 година. Оваа организација беша една од најгласните организации кои повикуваа на Бојкот на референдумот со кој сакаше Власта на Зоран Заев да го промени името.

По успешниот Бојкот на референдумот на 30- ти септември 2018 година Координативното тело на Македонците во Европа беше една од ретките организации која што на терен со протести се спротивставуваше на промената на името во Парламентот.

По насилната промена на уставот од страна на владеачкото мнозинство на СДСМ и Зоран Заев во јануари 2019 година, Координативното тело на Македонците во Европа продолжува со своите активности за заштита на Македонскиот национален идентитет и името на Република МАкедонија, како дел од Глобалната координативна мрежа на Македонците во светот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace