БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дополнителни предлог мерки на т.н. “БЕЛ ПЛАН” за болниците на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од денес започнува спроведувањето на препораката на Светска Здравствена Организација во врска со Корона висрусот и епидемијата Covid-19, а тоа е ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ ТЕСТИРАЈ!
Во реализирњето на овие препораки треба да се вклучени и матичните лекари кои преку Мој Термин ќе можат да закажуваат испитување на два пукнта кои ќе бидат дел од системот.

Паралелно со оваа постапка, се очекува во да продолжи враќањето на македонските државјани од дијаспората кои што би требало да бидат ставени 14 дена во карантински услови. Иако благовременото забележување и запишување на дијаспората е веќе испуштена работа, мерките што се превземаат ќе бидат задоцнети, бидејќи бројката на пациенти и понатаму расте, во моментов приоритетно ќе биде да се подоготви здравствениот систем за болничко лекување, она што го предложивме пред 10 дена а тоа е БЕЛ ПЛАН за болниците.

Заради тоа Здравствената комисија на ВМРО ДПМНЕ по одржаната онлине седница ги предлага следните дополнителни мерки:
1. Подготовка на здравствениот систем БЕЛ ПЛАН за болниците:
– Одредување на оддели дистанцирани или дислоцирани од одделот на болничко лекување.
– Строга тријажа на влез во болниците со мерење на температура, а со цел да се спречи да пациенти со инфективна патологија не завршат на други и несоодветни оддели.
– Дополнителна припрема со соодветна опрема и обука на персонал кој ќе биде директно задолжен за лекување на пациентите кои ќе бидат позитивни за вирусот на корона.
– Болницата која што е одредена да биде одговорна за пациенти со Корона, да има можност да врши лабораториско потвердување на инфекцијата.
– Формирање тимови на здравствени работници кои ќе работат со ротации, наизменично на одделите, а потоа да бидат одредено време во карантин и да бидат заменети со друг тим.
– Организација на дообучување на персоналот за неопходните процедури.
– Онлине формулар на интернет преку кој специјализантите и студентите на медицина ќе можат да се пријавуваат како волонтери.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2. Олеснување на здравствените и фармацевтски процедури
– Сите веледрогерии и производители да достават информација за лагерот на лекови и медикаменти со кои што располагаат. Да се наложи минимална залиха од 2 месеци
– Потребна е итна пороверка на стоковите резерви и дополнување таму каде што има недостаток, баер за 2-3 месеци.
– Лекови кои што се препишуваат од специјалист, потребно е да може да ги препишува матичен лекар
– Хроничната терапија да се издава на рецепти кои што ќе важат најмалку 90 дена
– Лицата со дијабетес на инсулинска терапија (околу 40.000 во Македонија) – продолжување на важноста на инсулинскиот рецепт за најмалку 3 месеци (односно да важи 9 месеци). Да се земе во предвид и евентуално издавање на количина инсулин поголема од месечната.

3. Да се продолжи со барање на МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ во опрема, материјали и експерти.

И понатаму важи препораката за сите граѓани …
#ОСТАНЕТЕДОМА…

Креирано од:


Пренеси го гласот