Неверојатно е како политичарите, новинарите и медиумите (со нив и повеќето граѓани) го обезличуваат македонскиот јазик. Секојдневно слушам како во Собранието, или во некое друго државно тело/институција, после долга и жолчна расправа, п а д н а л а одлука да се реши тоа-и-тоа прашање. Прво, не ми е јасно како може падната одлука да реши кое било прашање. Досега мислев дека само д о н е с е н а, а не падната одлука може нешто да реши. Понатаму, во која дупка пропаднала падната одлуката, која единствено можела да нѐ извлече од проблемите? Или, како што некритички се повторува, да нѐ спаси од п р е д и з в и ц и т е, бидејќи кај нас одмана нема проблеми. Или, кој и со која цел ја ископал дупката во која паднала/пропаднала одлуката за спас на државата? Ако еден ден се открие, дали тој некој ќе се казни или награди, бидејќи без него немало да падне/пропадне одлуката, а без неа ништо не ќе се решело? А со нерешавањето на проблемот/предизвик, и нашата држава, заедно сосе народот, ќе пропаднела. Збунети сте и ништо не разбирате? И јас сум во слична состојба. И јас не можам да разберам како со паднати/пропаднати одлуки/решенија може нешто да се спаси или реши. Но, така власта вели. На нас е да ѝ веруваме.
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи