БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Да не го местеа тендерот за биохемиски лаборатории ќе имаше масовно тестирање

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Основниот проблем сега со коронавирусот е што Македонија не тестира доволно, а тоа е препораката на Светската здравствена организација која вели „Тестирај, тестирај, тестирај“

Причините поради кои не се врши тестирање се:
Прво во Македонија нема доволно персонал зошто не се инвестирало во такви луѓе. Второ, нема доволно реагенси. Трето, и да има и персонал и реагнеси нема машини доволно. Во моментов такви машини има само во Институтот за јавно здравје. Зошто не набавило министерството? Затоа што го местеа тендерот за биохемиски лаборатории да го дадат на фирма која имаше 27 годишен сопственик. Да поминеше тендерот како што требаше, а не да се одеше со централизација во оваа област, во Македонија ќе имаше барем на 20 места машини.

Луѓето чекаат 7 до 10 дена резултати од тестирањето. Тоа е тажната вистина, а имам информација дека преку 800 луѓе чекаат резултат

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова денеска го соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку свое соопштение во јавноста.

За ова како и за други актуелни прашања Потпретседателот на опозициската партија говореше и во синоќешната емисија “Заспиј ако можеш” која се емитуваше на АЛФА ТВ.

Креирано од:


Пренеси го гласот