БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Трипуновски: Се е исто, истиот модел од 90 тите. Тогаш страдаше мојата генерација, а сега страдаат нечии други деца

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик министер за Земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Типуновски со свое обраќање во јавноста директно го обвини Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николоски за поткуп на граѓаните преку делење на т.н. хуманитарни пакети за помош на населението.

Наместо да се фокусираат од СДСМ на превземање на реални мерки за помош кон граѓаните и стопанството од партијата на власт делат пакети и врпат поткуп, обвинува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата негова реакција ја пренесуваме во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Продолжува поткупот на СДСМ. Љупчо Николовски, наместо да помогне со преземање на реални мерки за помош кон граѓаните и стопанството дели пакети, и врши поткуп.

Љупчо, ако сакаш да им помогнеш на луѓето, кажи му на Оливер нека го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за субвенционирање на платите во висина од 50%, кажи му да ги исплати субвенциите за земјоделците, нека се заангажура да најде откуп за родот на земјоделците. Не глумете лажни хуманитарци, луѓето бараат од вас да им помогнете со работи за кои сте платени, а не да делите пакети. Најдете пласман за зелката во Струмица, тие луѓе тогаш нема да им требаат пакети, најдете пласман за јагнето кое остана непродадено, па така сточарите сами ќе си купат што им треба, дајте им на стопанствениците помош да исплатат плати на работниците тие ќе се снабдат самите со намирници, но наместо на малите бизниси давате на олигарсите со кои делите и кои ја ограбија државата во 90 тите.

Се е исто, истиот модел од 90 тите. Тогаш страдаше мојата генерација, а сега страдаат нечии други деца. Доста со патетични акции. Фатете се за работа. Три години не направивте ништо, да работевте и да работите немаше да има потреба на некој да му се дели хуманитарна помош, но ти и твојот шеф земавте од тие луѓе и им го наполнивте џебот на олигарсите. Срамота❗️Прочитани сте❗️”

Креирано од:


Пренеси го гласот