БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мисајловски: Оливер Спасовски апелира на социјално дистанцирање а заборави на нивната партиска компир донација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од стартот на борбата против овој вирус, без разлика на скапата и гломазна ПР машинерија на владата, преовладува еден факт: СПОРА РЕАКЦИЈА и “купи ден – продај” политика.
Спасовски апелираше до граѓаните да не се групираат и да одржуваат социјална дистанца, а заборави на нивната партиска компир донација со што ги изложија граѓаните на дополнително ширење на вирусот.

И да биде лицемерието уште поголемо, да апелираше навремено за почитување на социјалната дистанца и навремено да ги информираше граѓаните за полицискиот час минатиот викенд, наместо неколку часа пред започнување на истиот, кога немајќи избор истите мораа да тргнат во набавки, можеби немаше до оваа мера да ескалира пандемијата.
Во моментот додека говори Спасовски компир донациите сеуште се активни, без почитување на препораките од здравствените работници.
Или кога се работи за членови и за поени на СДСМ се е возможно ?

Недели наназад локалниот кризен штаб во Куманово бара рестриктивни мерки, кој град е најпогоден во целата држава, а персоналот е жестоко десеткуван, додека Оливер Спасовски денеска вели дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки !

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Токму поради суетата на Спасовски и внатрепартиските битки на власта во Куманово, народот се чувствува дека е оставен сам на себе!
Луѓе фатете се за работа !
Вашиот раштиман оркестар со живот го плаќаат граѓаните.
Заборавете на борбите во партијата и борбите на суетите, изградете се над ситуацијата.

Секој час е од круцијално значење !
Освестете се !

Креирано од:


Пренеси го гласот