БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Оливер Спасовски да ја надмине личната фрустрација и суета и да излезе позитивно во пресрет на барањата на кумановчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од местото на својата самоизолација денеска во јавноста упати свој коментар во однос на 4 актуелни теми кои се од интерес на јавноста.

Тој во своето видео обраќање уште еднаш апелираше до првиот човек во владата, Оливер Спасовски да излезе во пресрет на барањата на кумановчани за справување со алармантната состојба со пандемијата на Корона вирусот.

Денеска е мојот шести ден во самоизолација, се чувствувам одлично и здравствено и физички. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје вам и на вашите семејства, на сите оние кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а на  медицинските лица, припадниците на МВР, армијата да им се заблагодарам за сето она што го прават за македонските граѓани и за Македонија.
Денеска ја користам оваа прилика да коментирам 4 теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово. Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација  и суета од страна на владата и техничкиот  премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти тој на почетокот на своето видео обраќање до јавноста.

Во продолжение го пренесуваме целото негово обраќање:

Креирано од:


Пренеси го гласот