БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Солза Грчева удри по противниците на вакцинацијата и 5G технологијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поранечната пратеничка од редовите на СДСМ која потоа настапуваше независно во Македонскиот парламент а сега претседател на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева на социјалните мрежи со неколку свои статуси “удри” по противниците на вакцинацијата и 5G технологијата.

Во продолжение го пренесуваме нејзиниот прв статус кој започна лавина од коментари и реакции на социјалните мрежи:

Како бре се најдоа на исто место сите оние кои мислат дека коронава не постои, кои се против вакцини и против 5г? Фалат уште оние со рамната земја.
Вакви глупости извадени од малиот мозок кои немаат абер од наука, ми е срам да ги читам.
Да, сигурно како во секоја светска криза банкари, фармацевтски куќи ќе се збогатат. Но, се збогатил и Едисон кога ја пронашол сијалицата, а луѓето велеле дека е штетна. Денес без сијалици како? Ќе седевте на свеќи.
И дај боже да има вакцини за повеќе болести. Да, и тие можат кај мал процент да бидат штетни, дури и да усмртат сосема мал процент. Но, спасуваат милиони луѓе.
Затоа ќе ве молам на мојот ѕид да не пласирате теории на заговори, антиваксерски штосови и рамна земја. А короната убива. Засега.
Друга работа се мерките кои по мене не се добро дизајнирани и тешко ни паѓаат на сите.
Ајде ботови навалете со напади. Но, јас секогаш сум била и ќе бидам глас на разумот и науката, а не на бабини деветини!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша на фејсбук Солза Грчева.

Потоа следуваа повеќе коментари од корисници на фејсбук од типот:

Дополнително Солза Грчева се закани дека ќе ги блокира од нејзиниот профил сите кои што “вадат теории од малиот мозок”.

За потоа уште еднаш таа да го потврди својот силен став дека е поборник за вакцинацијата исто како што знае дека земјата е топка.

Ете така ќе напишеш свој став кој го сметам за разумен и се откриваат навистина купишта лажни профили кои сеат навреди и искажуваат разочараност што сум била за вакцини. Да, сум и секогаш ќе бидам како што знам дека земјата е топка. Има и вистински профили чија цел била секогаш да начекаат да сеат навреди. Некогаш и по диктат на нивните наредбодавци. Им благодарам што така брзо се покажаа, зошто ќе имам простор за вистински, а не за лажни пријатели. Со пријатели се разменуваат аргументи и разни мислења, а не етикети. Уште еднаш се заблагодарувам на вашата “искреност”.

-напиша Солза Грчева на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace