БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ФОРМАТИРАЊЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Многу нешта се формитараат. Тоа било за нивно добро – да станат чисти, нови, исплакнати. Компјутерите се форматираат, така што им се брише старата програма и им се инсталира нова програма. Со тоа се брише и сѐ што било во нив како информација и се полнат (како да се гуски) со нови информации. Се форматираат и магнетофонските ленти – се бришат и им се ставаат нови записи, под будното око на дежурниот Бришач/Eraser. Некогаш се форматираа и Чехословаците, и Полјаците, и Унгарците… Требаше да бидат со голема љубов и почит кон Вршавскиот пакт и кон новиот Ерусалим – Москва, Коминтерната, Другарот Тој-и-тој. Меѓутоа, успехот беше слаб, скоро никаков. Беше никаков, бидејќи човечкото суштество не е ниту компјутер, ниту магнетофонска лента. Нагонот кон слободата и чувството да се биде свој, е всадено во него. Кога не би било така, тогаш човекот не би развивал отпор кон сѐ што го ограничува и форматира. Затоа, моите текстови не се во одбрана ниту на староста, ниту на младоста, туку на човештвото воопшто, бидејќи тоа е доведено во прашање.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace