Миленикот на Македонската публика, не само во Македонија туку насекаде каде што се слуша Македонска музика, Влатко Лозаноски- Лозано на својот јутјуб канал го сподели својот целовечерен концерт кој што се одржа на 23 март минатата година.
Станува збор за вистинско богатство за човечките сетила во кое може да се проследат сите големи хитови на Лозано кои што од нивното појавување па до ден денес се пеат од сите генерации на Македонци.
Топло го препорачуваме ова видео во овие моменти на ограничување на движењето кога треба да се заштитиме себеси но и целата држава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нова авторска песна на Игор Јагуриноски: “Блуз во душата”
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“