БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски: Субвенциите не се милостиња, туку обврска на државата кон земјоделците согласно закон

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителнито заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство на Република Македонија Цветан Трипуновски во јавноста реагираше во врска со прес конференциите на надлежните во владата па и во ова министерство на кои исплатата на субвенциите се претставуваат како подарок и милостиња за земјоделците, наспроти постојната законска регулатива со која е дефинирана исплатата на истите.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Цветан Трипуновски во врска со оваа тема:

“Исплатата на субвенциите – пари кои што државата им ги должи на земјоделците, не е милостиња на Љупчо или Заев како што тоа сакаат да го прикажат, туку нивна обврска согласно закон.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Наместо на време да почнеа со исплага сега прават гужви по банки, ја злоупотребуваат полицијата и прават драма, од нешто што требаше да помине како рутинска исплата.

Почитувани замислени величини. Субвенциите мора да ги исплатите, тоа е обврска и не се претатавувајте како лажни хуманитарци. Тие земјоделци произведуваат и плаќаат данок за да имате вие пари да фрлате на тендери и партиски вработувања и најмалку што заслужиле е да им се исплати тоа што е нивно.

Исплатата сега не ве аболицира од одговорност за сите пропусти во изминативе три години. Тутунот оваа, како и во изминативе три години како сте на власт им се откупува под цена, и се врши нереална проценка, вештачки се обезвреднува тутунот на земјоделецот.

Дополнително, оваа исто како и во изминативе три години големи количини на тутун останаа неоткупени.

Тутунарите не се мали деца за да ви поверуваат на лагите. Попусто се трудите да манипулирате. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од вашите политики и чекаат да си заминете.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace