БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев: За власта Велес не е жариште а бројката на новозаразени во оваа општина секојдневно расте

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во походот за организирање на брзи корона избори власта во државата контролирана на сите нивоа од страна на СДСМ почнува да го губи контактот со реалноста и со проблемите на граѓаните кои се соочени со здравствените но и се повеќе изразените економски ефекти на кризата од Ковит-19.

Притоа здравствените власти под мантилот на Венко Филипче избегнуваат широко тестирање на населението за да ги минимизираат бројките на заболени лица од вирусот, се со цел СДСМ со коалицијата со БЕСА да одат на брзи избори соочени со фактот дека вртоглаво паѓа нивниот рејтинг на сите нивоа во државата.

Притоа и покрај се поголемиот број на заразени граѓани во Велес Филипче одбива да и’ погледне на лошата состојба во лице обременет од својата политичка функција која му виси во празно во овие моменти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На оваа тема свој коментар во јавноста упати Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој ја критикуваше ваквата политика на Филипче и на локалната власт во Велес при што изнесе и дополнителни информации кои одат во прилог на неговите критики.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Игор Јанушев упатена во јавност во врска со оваа проблематика:

“За власта Велес не е жариште. Но, изгледа за сите други е. Кај се неспобни, па и глумат загриженост. Жариште е кога за еден ден ќе се откријат нови 6 заболени од корона. Жариште е кога за кус период ќе се заразат 40-на граѓани на Велес.

Додека надлежните смируваат и под директива на Заев глумат нормализација, бројот на заразени во Велес рапидно расте, а најалармантна беше состојбата во текстилната конфекција “Ју-Ка”, каде работници оделе на работа и покрај алармот дека нивни колеги биле позитивни на вирусот. Медицинскиот персонал во општата болница нема опрема и поради тоа сме сведоци на заразен персонал од итната медицинска помош, додека Филипче и Аце наместо со конкретна помош и конкретни мерки, допрва ќе се координирале!?!

Целиот свет во пандемија од корона вирус, само Филипче во пандемија од мрежа поврзана со криминали, па така повторно неуморно нема никаква медицинска опрема, единствено што прават постојано се увиди и анализи, па секојдневно ја информираат јавноста како ќе имале повеќе информации утрото … а, утрото во Велес има 6 нови случаи, додека Аце Коцевски дава изјава дека од 350 тестирани биле заболени САМО 36 или 10% од она што го тестирале.

Зошто Филипче не прави масовно тестирање? Дали во ек на пандемија сака да се прекрие бројката за неговиот Заев да може да излезе и да повика на избори по цена на здравјето на граѓаните?

Во обид на манипулација на јавноста, без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, нема да може да имаме вистински информaции за состојбата со eпидeмијата во земјата. Но, она што е загрижувачки е дека оваа влада нема никаква стратегија за оваа пандемија туку само личен интерес за бенефит од тендери пред заминување!

Апелираме – потребни се итни мерки за спречување на ширењето од корона вирусот.

Бројката на новозаразени во Велес секојдневно расте, Венко и Коцевски оставете ги вашите ЌЕ планови и превземете конкретни итни мерки, за човечки животи се работи!”

Креирано од:


Пренеси го гласот