Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати до јавноста своја порака по повод 9 мај- Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Дозволете во мое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
9 мај го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа. Да не заборавиме дека партизаните, како наследници на Илинденската епопеја и комитите се изборија за слободата која е скапо платена. Европа е вредности, но и ова е ден кога треба да се празнува слободата и солидарноста. Европа постои како триумф над режимите, угнетувањето, газењето на правата на луѓето.
А “Фридом Хаус” вели во Македонија владее три години по ред хибриден режим, тоа значи недостаток на слобода, многу корупција и криминал. Земја во која главните од власта рекетираат, а оние кои треба да судат, ослободуваат под притисок на власта. Во овие три години на премрежја, отстапки, болни решенија и договори сѐ уште сме далеку од посакуваната цел за европската иднина. Дополнето со нови условувања, пречки, барања за отстапки. Неспособната власт во земјава и отсуството на лидерство значи за народот и нашата Македонија тапкање во место. Победата на европските вредности ќе значи победа над оние од власта кои не влечат во мочуриштето во кои тие опстојуваат и сакаат да се идентификуваат. Тоа е нивната претстава за животот, но не и на народот, кој оправдано сака подобар живот и обнова на пустошот кој го оставија за сите нас.
Обновата ќе победи, тогаш ќе победат и европските вредности.
Европа ќе ја донесеме пред се затоа што нашиот народ тоа го заслужува, а тоа значи пред се европеизација внатре, стандарди и вредности. Визија за иднината каква што заслужуваме.
Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист