БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ со поклон пред олтарот на Револуцијата во Разловци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегации на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево предводена од Претседателот Горанчо Тодоровски и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево предводена од Претседателот Трајан Цековски и Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево по повод 144 годишнината од денот на кревањето на Разловечкото востание положија букети со свежо цвеќе пред спомен плочата на Поп Стојан- духовниот водач на Разловечкото востание во дворот на црквата Св. Цар Константин и царица Елена во центарот на Разловци.

Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена била средиште на духовниот раст на разловчани во периодот пред востанието каде идеолошки бил негуван непокорливиот дух на многу поединци учесници во организацијата и во воените дејствија на Разловечкото востание во 1876 година.

На ѕидот на црквата на десната страна од главниот влез се исцртани и фреските на ктиторите на црквата кои го помогнале нејзиното градење кое започнало во 1860 година а кои што зеле учество како организатори на востанието против Османлиските власти во 1876 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денеска се навршуваат 144 години од кревањето на Разловечкото востание!
Организацијата и кревањето на Разловечкото востание првично успеале затоа што востаниците биле обединети и единствени во својата одлучност и борба за слобода.
Овој народ знае како да се избори за својата слобода.
Нека им е вечен споменот на разловчани кои создадоа херојско дело за почит на денешните генерации.”

-напиша на фејсбук Горанчо Тодоровски по овој повод.

“144 години Разловечко востание,144 години борба, пркост, непокор, за да се биде слободен, Македонец, за да ја биде Македонија.”

-напиша на фејсбук Трајан Цековски,

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace