БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крум Николовски: Радо, 30 години си во врвот на политиката (сите твои поранешни заминаа)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

П О Р А К А бр. 71

РАДО, А ДА СИ КУПИШ НОВИ ОЧИЛА ?

Беше деновиве Рада наша, министерка војна во посета на Кичево, кај Фатми Дехари. Тоа е добро, така треба. Таму се сликала пред амблемот на УЧК. И тоа не е така лошо. Го поставил господинот градоначалник во кабинетот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кој што му може, негово право.
Што е тука ептен лошо?

1. УЧК преведено на македонски е Ослободителна војска на КОСОВО. Косово е друга држава и нема врска со Македонија.

2. Радо, за да се одбраниш пред јавноста почна да тресеш ,,зелени,, УЧК за албанците било исто што ВМРО и ПАРТИЗАНИТЕ биле за македонците?! Е сега да споредиме. ВМРО војувале против османлиите за автономија, некои за самостојна држава ,некои пак за припојување кон Бугарија.

3. За што војуваше една ослободителна војска на Косово во Македонија? За права на албанците? За создавање на трета албанска држава? Тоа нека го расчистат еден ден историчарите. Знам само дека Хисни Шакири од пратеник,Талат Џафери од командант на тетовскиот гарнизон на АРМ и сите други команданти отидоа во борба против власта во која беа.

4. Радо, 30 години си во врвот на политиката (сите твои поранешни заминаа), но за тоа одлучува раководството на СДСМ. Радо, појди веднаш на офтамолог да ти даде други очила!

Пишува: Krum Nikolovski

Креирано од:


Пренеси го гласот