БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев: Излезете меѓу граѓаните и видете ја суровата реалност за која СДСМ не сака ниту да слушне, ниту да види

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на реакција на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев упатена кон Љупчо Николовски:

“Има толку многу работи да се кажат за вашето владеење што човек просто не знае од каде да почне. Македонскиот народ ви се восхитува на тоа колку си верувате на сопствените лаги, секоја ви чест.

Да ве потсетам бидејќи очигледно сте заборавиле дека според Transparency International сте прогласени за хибриден режим. За која демократија зборувате вие и со кое право? Ако порано сте шепотеле, сега треба да се криете!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За економијата зборувате како да живееме во Швајцарија, како да увезуваме работна сила, а реалноста е тажна. Иселувањето на младите никогаш не било по масовно затоа што тука нема перспектива, ја убивате и онаа малку надеж што граѓаните ја имаа. За каков раст на БДП зборувате вие? Кажете нешто за буџетската дупка која никој не знае колку е длабока. Заев и Нина Ангеловска уште не можат да се договорат во колкава економска дупка ни е државата.
Кажете колку луѓе останаа без работа во економската криза што ја предизвика Корона вирусот? Како им помогнавте на луѓето што имаат приватни бизниси? Слушнавте еден да е задоволен?

Или сакате да зборуваме за милионските тендери што беа наменети за бадеми, лешници, морски плодови, џипови … или за хеликоптерите … или за тоа кој е “главата” на Рекет … додека речиси секое второ-трето семејство останува без приход и неизвесно живее од месец за месец.

И за крај, ве молам, јавно и транспарентно да им кажете на граѓаните за која европска иднина им зборувавте до пред некој месец и да споредите со сегашната ситуација?
Нечесно е да раскажувате бајки по социјалните мрежи, не почнува и не завршува се на фејсбук. Излезете меѓу граѓаните и видете ја суровата реалност за која вие функционерите од СДСМ не сакате ниту да слушнете, ниту да видите.
Виновни сте, и за тоа народот ќе ве казни!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace