БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ГНАСНО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нема погнасна демагогија и пониска одбрана/апологија од тезата дека власта направила сѐ, но дека народот не чинел – бил неверојатно несвесен и недисциплиниран. Ако е така, тогаш на власта не ѝ останува ништо друга освен да го вразуми/дисциплинирана – силум или милум.

Дали се заборава (или се работи за најниско додворување кон власта?) дека токму врз оваа теза за безгрешноста на власта и грешноста/непослушноста на народот беа изградени сите тоталитарни и авторитарни системи? Притоа, никој од апологетите и ејакулатите (исцедоци) не си го поставува елементарното прашање зошто народот нема доверба во властите и како може да ја има, ако своите ставови (од никого неприсилени ) ги менува секој час, како што постапува и Светската здраствена организација (СЗО) за која (првично) носењето маски не осигуруваше заштита, а сега инсистира врз носење маски.

Истовремено, СЗО направи чекор „напред“: заразата ја ширеле само оние кои се активно заразени, а не и оние без симптоми, некажувајќи како некој, вклучувајќи ја и полицијата, ќе ги разликува овие две категории граѓани. Или целта е друго – воведување на нова реалност, т.е. нова нормалност, идентична со нова ненормалност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Само мал пример. Како човек, кој носи наочари, може да се чувствува и да се однесува нормално кога во некој маркет, заради маската, му се замаглуваат наочарите? Како ли сѐ ќе изгледа кога ќе навјасаат високите температури – микс на пот, маска, замаглени наочари и нервозни граѓани?

Башка „кучињата“, со корпи на муцките, ниту зборуваат, ниту каков било звук испуштаат.

Да свикаат – најмалку!

Креирано од:


Пренеси го гласот