По заклучувањето на 15 јули како датум за одржување на Предвремените Парламентарни избори кои што ги побара ВМРО-ДПМНЕ уште кон крајот на минатата година, Генералниот секретар на опозициската партија упати свое соопштение во јавноста.
Игор Јанушев ја изразува подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за обновата на Македонија која ќе настапи по превземање на власта во државата,
Во продолжение го пренесуваме неговиот повик до сите граѓани:
“Македонија на 15 јули ќе ја извојува убедливо најголемата победа во историјата. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за Обновата! Граѓаните заслужуваат власт која ќе биде посветена на решавање на нивните проблеми.
Земјоделците се чувствуваат обесправено, граѓаните измамено, патриотите понижено. 15 јули е одговорот. Изборот е помеѓу кризи и обнова, помеѓу неправда и правда, помеѓу Заев и Македонија.
Доста беше од непромислени одлуки кои ништо добро не и донесоа на Македонија. Оваа земја мора да ја биде, а ќе ја биде после 15 јули. Македонија заслужува и мора подобро, нема простор за попуштање. Одиме на голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија!”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!