БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки за заканите на Костадинов: Криминалците што го понижија својот народ прават се’ за да се спасат од одговорност и соодветни законски казни

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за пратеник од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку социјалните мрежи упати свој коментар во врска со заканите кои што ги трпи носителот на кандидатската листа од 5-та изборна единица Игор Дурловски. Станува збор за нападот мна лична основа на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов врз личноста на Игор Дурловски што нема никаква врска со политички натпревар.

“Какво ниско ниво на политичка култура од страна на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Ја напаѓа македонската икона, г-динот Игор Дурловски без факти и аргументи. Човекот што ја заслужил почитта на цел македонски народ заради промоцијата на Македонија во светот, е нападнат од човекот којшто е познат по изјавата “Чуму идентитет кога немате пари”.

Бидејќи е портпарол на политичка партија, треба да знае дека неговите зборови имаат тежина на партијата и нејзиното членство. Нападите треба да се фокусираат на политиките, а не на лична основа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

После сите физички напади, закани и уцени, раководството на СДСМ продолжува да напаѓа со дрзок речник недостоен за политичари од земја што претендира да почне преговори со ЕУ.

Сепак, тоа за мене е разбирливо. Криминалците што го понижија својот народ прават се’ за да се спасат од одговорност и соодветни законски казни.
Но треба да знаат дека спас нема!
Ќе има одговорност.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace