Кандидатот за пратеник од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку социјалните мрежи упати свој коментар во врска со заканите кои што ги трпи носителот на кандидатската листа од 5-та изборна единица Игор Дурловски. Станува збор за нападот мна лична основа на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов врз личноста на Игор Дурловски што нема никаква врска со политички натпревар.
“Какво ниско ниво на политичка култура од страна на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Ја напаѓа македонската икона, г-динот Игор Дурловски без факти и аргументи. Човекот што ја заслужил почитта на цел македонски народ заради промоцијата на Македонија во светот, е нападнат од човекот којшто е познат по изјавата “Чуму идентитет кога немате пари”.
Бидејќи е портпарол на политичка партија, треба да знае дека неговите зборови имаат тежина на партијата и нејзиното членство. Нападите треба да се фокусираат на политиките, а не на лична основа.
После сите физички напади, закани и уцени, раководството на СДСМ продолжува да напаѓа со дрзок речник недостоен за политичари од земја што претендира да почне преговори со ЕУ.
Сепак, тоа за мене е разбирливо. Криминалците што го понижија својот народ прават се’ за да се спасат од одговорност и соодветни законски казни.
Но треба да знаат дека спас нема!
Ќе има одговорност.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
21 годишник од с. Јунузлија, Карбинци учествувал во сообраќајка со повредени, без да поседува возачка
Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфој
Министерот Перински ќе се обрати пред светски лидери и министри во Баку на Светски урбан форум 13