На денешната парламентарна сесија за избор на нова влада пратеникот Јован Јаулески ги идентификува политиките на старо- новиот кандидат за министер за образование Арбр Адеми, како уништувачки за Македонската нација.
“Ако сакаш да уништиш една нација, тоа најлесно може да се направи преку образованието, а токму СДСМ и оваа коалиција е одличен пример за тоа. Последниве 3 години со оваа старо – нова коалиција упорно го бушиме дното, а според досегашното искуство, така и ќе продолжи во иднина.”
-соопшти Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ и продолжи:
“Тоа е докажано и преку последното рангирање на универзитетот ,,Св. Кирил и Методи” кој се наоѓа на 1917 место, од вкупно 2000 рангирани универзитети во светот.
Споменуваат и закони, па да потсетам – законот за високо образование остана само празно слово на хартија. Тој е менуван дури 27 пати и повторно без суштинска дебата и повторно истиот е нефункционален.
Повеќе од 600 денови немаа функционален одбор за акредитација и евалуација, немаа оформено агенција за квалитет на образованието, висококвалификуваниот кадар во Македонија од престижниот ,,The Economist” е ставен на 8мо место во светот по одлив на мозоци.
За каква успешност можеме да разговораме кога на 2 дена од почетокот на учебната година, се нема ниту концепт ниту визија за тоа како и кога ќе се почне!?
И ако ова е одличен резултат за СДСМ, тогаш, секоја чест!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината