Талат Џафери во улога на претседател на Собранието на денешната парламентарна расправа за избор на нова Влада ги повика пратениците да се степаат меѓу себе.
Тој како реакција на говорот на Игор Јанушев од собраниската говорница рече:
– Во кој парламент има тепање и лупање на маса? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене! Колегијално, не ми дофрлувај додека зборам Игоре. Не се согласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ. Јас нема излез можам двапати да ве опомена , а третиот да ве одалечам било кој од вас, затоа не ми држете предавање.
Притоа кога Игор Јанушев му одговори дека во многу парламенти имало викање, тропање и тепање, Талат Џафери повторно во негов стил на висок тон одговори:
– Да, во многу парламенти има и тепање, па ајде да се испотепаме тука. Треба да знаете дека сте во Собрание, а не на партиска конференција. Не сте веќе кампања и таму тоа не се прави..


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината