БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За перцепцијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се повеќе согледувам дека овој Народ си ги заслужува Децата на комунизмот, исто толку, колку и ваучерите…
Нема збор!!
Она Револуција а не Еволуција да го заборавите!!
Комформизмот и космо-диск политиките се само начело на една Нова Реалност.
Во таа Нова творевина ќе успеваат полтроните и улизиците(читај;Меша С.),додека паметните и образованите ЌЕ мора да пакуваат куферите!?
Така било, така и ќе биде на една територија создадена да биде Империја а претворена во остаток за поткусурување на сите Оние кои ја делеле, и продолжуваат со делбата…
Радувајте се чеда Божји на новиот пакет Ваучери оти кога не бива економија и политика бива поткуп, сиромаштија и кукли на конци.
Е сега, Ваше е да изберете дали ќе бидете играчки или Народ?
Народ победува, народ обединува, народ владее, сегде само не и кај нас.
Тука имате бинационална Влада, без еден Ром, Турчин, Србин или било која друга националност?!Ја имате делено на две парчиња, првото на Децата на комунизмот, на ,,Правата крв”, мрзливи поделени по Фамилии познати по места, локално,владетели немајќи друго…
Вториве ги знаете, уценувачи и Кадри Часни(читај;министер магистрираше на 18), немушти, ама бројни и сложни си на Каузата им…
Еден ден Македончето (читај;намерно демунитив) ќе се разбуди во туѓа држава, и како по навика ќе му бидат сите останати виновни, политичари, правници, економисти…сите само тоа во право?!
Сите ми говорат за Улица, за демонстрации и протести, да истите Оние кои и порано како онакво се криеја под бели кошули кога 70 дена бевме на истата…на снегови, на дождови, по сонце на 50…да бе, тие истите критичари, аналитичари кои до 12 спијат, просат од бабите 50 за кафе и се лепат по пет саата на кафе?!
Со кое право се обраќаат?
Со што ја задолживте оваа земја, да бе, Вашата земја, на која поради шефовите и раководителите, не смеете ни Име да и спомените?!
Се на се ,многу ми е криво за грчките излетници и одморџии (читај;Важи за сета продадена маса) што ќе мораат да плаќаат во Нивната земја и ќе мора да јадат по локали наместо да полнат гепеци со патлиџан.
Исто така,многу ми е мака за сите кои лебот почнаа пред деценија да го јадат а сега се срамат да си кажат Името на чист македонски, или бар на дијалект?!
Тоа е…сркај чорба Македончето!!
П.С.И не се лигавете за демонстрации оти далеку сте, продадени, немушти, мешесто незадоволени…
Може да слушнам само оние што ги видов ТОГАШ, ТАМУ, НА БАРИКАДИТЕ!!
Другите да продолжите да си траете, оти на сите ви ги знам шефовите, газдите, претпоставените…

Пишува: Гоце Марков-колумнист, човек и Македонец

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace