БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проектот “Компјутер за секое дете” кој СДСМ го укина сега е недостаток за безбедно онлајн учење, алармира Игор Јанушев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во јавноста упати своја реакција со која прави кратка компарација на ефектите од владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ како и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период.

“Инспириран” од “епското” постигање на актуелната власт на СДСМ за рушење на диво изградената карабина пред ТВ Мавровка во центарот на Скопје со кое се пофали Љупчо Николовски на социјалните мрежи, Игор Јанушев посочува кон криминалната природа на владеењето на СДСМ:

“Главна вест во време на ВМРО беа отворање на фабрики, нови автопатишта, проекти, “Компјутер за секое дете” кој СДСМ го укина за сега да се покаже дека има недостаток во образовниот систем за онлајн учење.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И додека првата заложба на ВМРО-ДПМНЕ би била економија која ќе донесе стабилност на граѓаните, СДСМ се пофали со рушење.

Дојде време да се радуваат за спроведување на закони, тоа не значи ништо друго освен дека се во криминал до гуша.

Се поставува прашањето: Како изникна градбата? Кој кому ветил дека сѐ ќе биде во ред и дека може да се гради? Многу неодговорени прашања…

Тоа е таа огромна разлика, но затоа и нема да имаат целосен четиригодишен мандат.”

-напиша Игор Јанушев на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace