БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски: ПРОШЕТКА ДО ВОДЕНИЦАТА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прошетав до Десподовата воденица,
Пред неа стои само старата круша,
Не ја препознав, ме фати неверица,
Очите ми насолзија, ме заболе душа.

Бурен живот некогаш бликаше тука,
Камењата мелеа од утро до вечер,
Вртеа, тропаа, креваа голема бука,
Сега тишина царува, што да се рече?

Пред врата израснале трње и коприви,
Буката е распадната, испукана, сува,
По гредите се нафатиле пајажини сиви,
Се нишаат ко лулки од ветрот што дува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Се присетив на некои згоди одамнешни:
Воденичарот и татко ми си беа пријатели.
Прогонети и судени од властите тогашни,
Како националисти, државни непријатели.

Тука дружеа, си зборуваа за вистината,
За жестокиот живот на соселаните свои,
За зулумот и неправдите во татковината,
За експлоатацијата на македонскиот сој.

Васил МАНЕВСКИ
(Духовни вертикали и хоризонти)

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace